ВИДЕО: Реал губеше со 0:2, но се спаси од пораз со гол во судиското продолжение

Реал Мадрид во судиското продолжение избегна сензационален пораз/ фото: EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

Фудбалерите на Реал Мадрид избегнаа сензационален пораз против Елче и одиграа 2:2 на домашен терен во 22. коло од Ла Лига иако гостите водеа со 0:2.
Интересно е што ова беше втор натпревар помеѓу овие две екипи во последните три дена, претходно „кралевите“ во четвртокот со 3:2 славеа во кралскиот куп.

Овој пат, поблиску до победата беше Елче, 0:2 и  што ќе претставуваше прв триумф на „Сантијаго Бернабеу“, но сензацијата ја спречи Едер Милитао со голот постигнат во судиското продолжение. Резултатот можеше да биде поинаков доколку Карим Бензема во 33 минута го реализираше пеналот. Казната за промашувањето дојде во 42 минута кога Боје постигна гол за Елче и тоа во првиот шут во рамките на голот на Тибо Куртоа.

„Кралевите“ доминираа во второто полувреме, но не можеа да најдат начин да дојдат до израмнување иако имаа голема шанса преку Винисиус Жуниор.

Во 76. минута нов шок за домашните навивачи, Боје одлично му асистираше на Миља кој го совлада Куртоа за 0:2. По ова, тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти сите карти ги фрли во нападот, направи три измени и тоа му се исплатеше во 82 минута кога Лука Модриќ го реализираше пеналот.

Во втората минута од судиското продолжение, Едер Милитао успеа да постигне гол и да спречи сензационален пораз на Реал Мадрид. И покрај ремито, Реал останува лидер на табелата со 50 бода, четири повеќе од Севиља, додека третопласираниот Бетис има 40 бода. Елче остана на 15 место со 23 бода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот