ВИДЕО | Путин пред илјадници Руси со развиорени знамиња: Кога сме заедно, ни нема рамни

Во Москва илјадници луѓе се собраа на стадионот „Лужники“ на митинг-концерт по повод годишнината од почетокот на воената инвазија врз Украина и Денот на бранителите на татковината.

Путин имаше главен збор на стадионот, извикувајќи поздрави до руските војници.

„Денес тие ја имаат поддршката од целата земја“, рече Путин, мислејќи на руските сили во Украина, додавајќи дека штотуку го добил последниот извештај за ситуацијата на фронтот.

„Кога сме заедно, ни нема рамни. За единство на рускиот народ!“, рече Путин.

Рускиот претседател изјави дека оние кои ја поддржуваат „специјалната воена операција“, имено медицинските работници, вработените во одбранбените компании, транспортот, како и децата кои пишуваат писма до борците, се бранители на татковината.

„Тие се борат херојски, храбро и силно. Ние сме горди на нив“, рече Путин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот