ВИДЕО: Прва радост за Барселона во Лигата на шампионите

Пике го постигна првиот гол за Барселона во Лигата на шампионите оваа сезона/ фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Фудбалерите на Барселона конечно во третото коло успеаја да дојдат до првите бодови во Лигата на шампионите. По двата убедливи порази од Баерн Минхен и Бенфика, вечерва Барселона со минимални 1:0 го совлада Динамо Киев.


Стрелец на единствениот гол беше Жерар Пике во 36. минута. Со трите бода, Барселона го помина Динамо Киев на табелата и сега се наоѓа на третото место во групата Е.

Во вториот натпревар кој се играше од 18.45 часот, Салцбург со 3:1 го совлада Волфсбург.
Австрискиот шампион поведе со голот на Карим Адевеми во третата минута, додека Волфсбург дојде до израмнување во 15. минута преку Лукас Нмеча.

Салцбург до триумфот и трите бодови дојде со двата гола во второто полувреме кои беа дело на Ноа Окафор.
Со оваа победа Салцбург остана лидер на табелата во групата Г со седум бода, додека Волфсбург остана на два бода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот