ВИДЕО: Прв гол на Митровски за Вараждин во хрватскиот шампионат

фото: facebook.com/nogometni.klub.varazdin

Вараждин шест натпревари по ред немаше победа во најсилното хрватско првенство се до 33 коло кога славеше на гостувањето кај Шибеник со 0:2.

Немаше голови во првото полувреме, а во вториот дел во 69 минута предност за гостите донесе македонскиот интернационалец Димитар Митровски.

За нашиот играч ова е прв гол сезонава во хрватскиот шампионат во деветтиот настап за Вараждин.

Митровски беше стартер на овој меч и настапи до 84 минута, а 180 секунди подоцна конечниот епилог го постави Бродиќ. Целиот натпревар за Вараждин го одигра и вториот наш интернационалец Агон Елези.

На табелата Вараждин е на петтата позиција со 42 бодови, а во следното коло на 14 мај ќе биде домаќин на Риека.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот