ВИДЕО: Протест пред Капитол, имаше повеќе полицајци отколку приврзаници на Трамп

Протест на приврзаници на Трамп пред Капитол во Вашингтон / 18 септември 2021 / фото: ЕПА

Полицијата околу американскиот Капитол денеска бројно ги надмина демонстрантите кои дојдоа да ги поддржат лицата на кои им се суди затоа што на 6 јануари насилно влегоа во седиштето на американската демократија, во обид да го запрат потврдувањето на изборната победа на Џо Бајден.

Медиумите пренесуваат дека во центарот на американската престолнина денеска се појавија само меѓу 100 и 200 демонстранти, а некои од нив ги носеа знамињата на десничарската група „Three Percenters” (Три проценти).

Оваа група е именувана по наводниот процент од вкупното население кое успешно се спротивставило на британската власт за време на американската револуција.

Но, денеска многу помалку од 700 луѓе пристигнаа пред Капитол, како што очекуваа организаторите.

Стотици припадници на безбедносните сили патролираа на подрачјето на американскиот законодавен дом, заштитен со ограда висока 2,44 метри, која по шест месеци беше повторно подигната пред денешниот протест.

Стотина припадници на Националната гарда беа во состојба на готовност.

На митингот зборуваа поддржувачите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој беше критикуван за охрабрувањето на илјадници луѓе да влезат во Капитол на 6 јануари, каде што се случи потврдата за изборната победа на Џо Бајден, која републиканците ја прогласија за измама.

Неговите поддржувачи инсистираат на тоа дека демонстрантите кои се обвинети се „политички затвореници”.

-Ова е прашање на правда и различен третман, рече Мет Брајнард, организатор на собирот кој се согласува со тврдењата на Трамп за кражба на изборите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот