ВИДЕО | Проф. Здравева: Шутот во градењето на демократијата на свои плеќи го носат граѓаните

Проф. Неда Здравева/Фото: Слободен печат

Осврнувајќи се на вчерашниот вонреден извештај „Нации во транзиција“ на Фридом Хаус за демократските процеси во Северна Македонија каде државава е рангирана како хибриден режим, професорката од Правниот факултет и претседател на УО на Хелсиншки комитет д-р Неда Здравева анализираше во гостувањето на Утрински брифинг.

-Добивам впечаток дека сме постојано „градилиште“ кога станува збор за демократијата. Нешто ново се прави, нешто ново се урива, а она што останува е шутот, кој на крајот некој треба да го изнесе. Тој „шут“ на градењето на демократијата на плеќи го носат граѓаните и во тој контекст сесекогаш има место за подобро и повеќе, изјави во Утрински брифинф проф. д-р Неда Здравева, околу оценките на „Фридом Хаус“ за Северна Македонија.

-Она што е карактеристично кај нас е што во годините на градењето на демократија не успеавме да го воспоставиме ситемот на контрола, каде што трите власти – извршната, судската и законодавната меѓусебно независно се контролираат, вели Здравева и додава дека не е успеано да се воспостави систем на одговорност.

-Имам личен впечаток дека луѓето со тек на време престанаа да бидат одговорни за своите постапки – се чекаше некаква наредба од некого, никој не преземаше никаква иницијатива, а онаму каде што иницијативите се преземаа се преземаа по директива од „горе“, вели проф. д-р Здравева.

Таа се осврна и на работата на Хелсиншкиот комитет за човекови права кој изминатата година примил околу 600 пријави од граѓани.

-Во периодот на пандемијата поплаките на граѓаните се однесуваа главно на прекршување на работничките права, пред се незаконско прекинување на работниот однос, а потоа следуваше и враќање кон заштитата на здравствени, социјални права, заштита на жени, како и поплаки за работата на правосудските органи, вели проф. Здравева.

Целиот разговор погледенте го во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот