ВИДЕО | Хари првпат во јавност по 45-минутната посета на болниот татко: По ѓаволите, принцу, во шок сум!

Фото: EPA

Принцот Хари не ја спомна дијагнозата на рак на неговиот татко кога се појави во Лас Вегас за да одржи говор во кој го споредува рагбито со американскиот фудбал на синоќешната церемонија на доделување награди во НФЛ. Војводата од Сасекс полета за Лас Вегас само 24 часа по слетувањето во Лос Анџелес, по патувањето во Лондон, каде што отиде да го посети својот татко кралот Чарлс Третина 45 минути.

 

Никој не очекуваше дека принцот Хари повторно ќе се појави во јавност до следната недела кога ќе треба да отпатува со Меган во Канада на настанот Инвиктус игри, но тој ја шокираше толпата кога се појави да ја додели наградата за човек на годината на Волтер Пејтон. Победникот, одбранбениот играч на Питсбург Стилерс, Камерон Хејворд, бил подеднакво изненаден додека го прегрнувал принцот Хари, пред да извика: „По ѓаволите, принцот Хари“.

 


Хари во четвртокот вечерта се појави во јавност првпат откако беше објавена дијагнозата на рак на кралот Чарлс, но на овој настан не стана збор за неговиот татко, кој го започна лекувањето на карциномот.

Неколку часа претходно, кога присуствуваше на церемонијата на доделување награди со Том Круз во Лондон, принцот Вилијам ѝ се заблагодари на јавноста за поддршката.

Фото: BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Принцот Хари полета во Лондон со 10-часовен лет од Лос Анџелес во вторникот и пристигна во кралската резиденција каде се случи 45-минутната средба со кралот Чарлс.

Чарлс и Хари имале „кратка средба“ пред кралот и Камила да бидат однесени во Бакингемската палата каде што ги чекал кралскиот хеликоптер да ги однесе во Сандрингам во Норфолк. Се верува дека Хари не се сретнал со својот брат Вилијам или снаата Кејт Мидлтон, која се опоравува од операција на абдоменот и е на продолжено отсуство.

Инаку, Хари веднаш отлетал за Лондон откако татко му го известил за својата дијагноза. Тој патувал без своите две мали деца, принцот Арчи (4) и принцезата Лилибет (2). Тоа беше нивната прва официјална лична средба по погребот на покојната кралица Елизабета Втора во септември 2022 година. Принцот присуствуваше на крунисувањето на Чарлс во Вестминстерската опатија во мај минатата година, но не беше виден во интеракција со новокрунисаниот крал и кралицата.

Принцот Хари слета во Лондон: Семејните кавги паѓаат во втор план, тој ќе биде со својот татко

ФОТО | Се враќа на кралските должности: Вилијам за првпат виден во јавност по шокантната вест дека кралот има рак

Лекувањето на кралот Чарлс: „Ќе се користат помалку инвазивни методи“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот