ФОТО | Погледнете каква вратоврска носеше кралот Чарлс вчера: Има посебно значење за него, ја добил од принцот Луис

Кралот Чарлс и кралицата Камила / Фото: ila _ Imageplotter / Avalon / Profimedia

Кралот Чарлс (75) се врати на своите кралски обврски и во вторникот заедно со кралицата Камила го посетил Центарот за лекување на рак во Лондон. Во февруари Бакингемската палата објави дека на кралот му бил дијагностициран рак, а потоа се дозна дека и принцезата Кејт Мидлтон боледува од рак.

Кралот одлучил да облече еден забавен додаток за оваа пригода.

Како што наведува „Дејли мејл“, розовата вратоврска со Т-Рексови (тираносаурус) што ја носел кралот наводно ја добил на подарок од еден од своите внуци, веројатно од принцот Луис кој сака диносауруси. Се шпекулира дека вратоврската е исто така дел од интерната шега помеѓу членовите на кралското семејството бидејќи „Rex“ на латински значи крал.

Фото: Stephen Lock / Zuma Press / Profimedia

Ова не е првпат кралот Чарлс да ја носи оваа вратоврска. Ја носеше во јануари минатата година кога го посети Голем Манчестер, а потоа и пред неколку месеци во Сандрингем кога беше на миса.

Инаку, во петокот палатата објави дека кралот се враќа на своите должности. Иако тоа нема да биде целосно враќање на официјалните ангажмани, од палатата се оптимисти и испраќаат охрабрувачки вести. Од палатата додадоа дека кралот ќе преземе повеќе јавни должности.

Кралот Чарлс и кралицата Камила / Фото: Imageplotter / Avalon / Profimedia

Да потсетиме, еден месец по дијагнозата на кралот, принцезата Кејт Мидлтон соопшти дека има рак. Тогаш објави видео на Инстаграм и кажа дека е подложена на превентивна хемотерапија.

Принцезата од Велс откри дека во јануари имала операција на абдоменот во лондонската болница и дека таму ѝ бил дијагностициран ракот. Принцезата, но и палатата не открија за каков вид на рак станува збор.

Кралот Чарлс и кралицата Камила ќе присуствуваат на неделната велигденска служба во Виндзор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот