ВИДЕО: Погледнете го новиот драматичен трејлер за филмот „Круела“

Фото: Профимедиа

Дизни штотуку го објави новиот трејлер за својот долгоочекуван филм „Cruella“, во кој главната улога ја толкува актерката Ема Стоун.

Ема Стоун ја глуми култната Круела, а новиот игран долгометражен филм зборува за бунтовничките рани денови на озлогласената и модерна негативка, легендарната Круела де Вил. Филмот е сместен во 1970-те во Лондон, во средина на панк рок револуцијата, и ја следи младата измамничка Естела, паметна и креативна девојка одлучна да се прослави со својот дизајн.

Таа се спријателува со еден пар млади крадци кои го ценат нејзиниот апетит за злоба и заедно се во состојба да градат живот за себе на лондонските улици.


Еден ден, талентот за мода на Естела го привлекува вниманието на бароницата фон Хелман (Ема Томсон), модната легенда која е поразувачки шик и застрашувачки висока. Но, нивната врска го активира текот на настаните и откритијата што ќе ја натераат Естела да се заврти кон својата злобна страна и да стане грубата, модерна и одмаздоубива Круела.

Примерата на филмот се очекува на 28 мај, а дотогаш уживајте во трејлот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот