ВИДЕО: По само две минути од исчезнувањето на малата Данка, „Пунто“ со голема брзина поминува на улицата

Полиција

Jасмина Стојадиновиќ, сопственичката на куќата во која има надзорни камери коишто ја снимиле улицата каде исчезна двегодишната Данка Илиќ во понеделникот ги открива сите детали за снимката која неодамна беше објавена на социјалните мрежи, пишува Нова.рс. На видео снимката се гледа како на улицата поминува светло сино „Пунто“ со голема брзина во исто време кога исчезнува девојчето.

„Се вратив од работа синоќа кога дојде полиција. Бараа да го гледаат видеото, секако дека им дозволив. Го знам тоа семејство, син ми е три години помлад од мајката на детето и ги познавам тие луѓе и со задоволство помогнав на секој начин. Сакам ова да заврши што побрзо и да се најде девојката. Ова е мирно место и сите се познаваме, мене ми е несфатливо вакво нешто да се случи овде. Сите сме вознемирени. Камерата ја поставив пред околу еден месец само заради безбедноста на мајка ми“, рече нашиот соговорник и додаде:

На снимката се гледа автомобил кој брза околу 13 часот и 47 минути, а малото девојче исчезнало малку пред тоа, околу 13 часот и 45 минути, како што вели нејзината мајка.

Засега не се знае дали возачот на автомобилот има информации за исчезнувањето на девојчето, или пак го видел девојчето, со оглед на тоа дека времето на нејзиното исчезнување и поминувањето на возилото се поклопуваат.

„На видеото се гледа како мајка со деца во автомобил поминува покрај нашата улица во 13 часот и 10 минути. Тогаш во меѓувреме помина и „Пунтото“ што се гледа на видеото. Подоцна таткото поминал со полиција, кој се гледа и на видеото“.

Да потсетиме, на социјалните мрежи неодамна се појави снимка од надзорна камера од куќа лоцирана во близина на местото каде исчезна Данка Илиќ вчера, околу 13 часот и 45 минути.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот