ВИДЕО | По повод Денот на белиот стап, донација на врати за училиштето за слепи „Димитар Влахов“

Лајонс клубот Вардар денеска донираше тринаесет нови врати во Училиштето за слепи и слабовидни лица „Димитар Влахов“. Донацијата е по повод светскиот ден на белиот стап.

– Вратите беа руинирани, дупките на нив ги покривавме со детски цртежи. Благодарен сум што клубот Лајонс се сети на нас и ни помогна со оваа донација, меѓутоа и на сите други хумани граѓани кои сами се пријавуваат да ни помогнат. Во моментов исто така потребни ни се и дактилни патеки кои ќе им помогнат на учениците да го најдат патот до училницата, до кујната и до својата соба, рече денеска директорот на училиштето, Бобан Спасенцовски.

Во училиштето има запишано 51 ученик, од кои 30 се запишани во основно училиште а останатите се вклучени во средно образование. Во „Димитар Влахов“ има и нижо музичко школо како и ученички дом. Услов за упис во ова училиште е ученикот да има најмалку 60 проценти оштетување на видот.

– Со помош на професори за ориентација, во училиштето многу брзо се совладува техниката за движење и ориентирање, затоа ги повикувам родитлите на слабовидни деца да не се двоумат, децата да ги запишат во училишето „Димитар Влахов“ со цел да им олеснат. Тука ја изучуваме и Брајовата азбука со што ги описменуваме дечињата и им овозможуваме полесно да се интегрираат во општеството. Најголем интерес има за струката физиотерапевт, која по завршувањето на образованието на учениците им нуди можност за вработување, објаснува Спасенцовски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот