„Стариот Форџ“ (The Old Forge) - Фото: ANDY BUCHANAN / AFP / Profimedia

ВИДЕО | Пивница дава бесплатно пиво за секој што ќе успее да стигне до неа

Шкотскиот паб „Стариот Форџ“ (The Old Forge) од минатото лето дели бесплатно пиво на секој нов гостин. Но, има еден улов – според Гинисовата книга на рекорди, тој е најоддалечениот паб на копното на Британија и до него треба да се стигне пеш, пишува „Пун куфер“.

„Стариот Форџ“ се наоѓа во селото Инвери на полуостровот Кнојдарт во северозападна Шкотска. Иако до него може да се стигне и со брод од Малаиг, пабот ќе ви даде бесплатно пиво само ако сте стигнале пеш до него, што не е лесна задача.

За да добиете бесплатно пиво, ќе треба два дена да пешачите низ див и оддалечен терен, кој го минуваат речни брзаци и висока вегетација, а на делови достигнува и искачување од околу 1000 метри.

„Стариот Форџ“ (The Old Forge) – Фото: ANDY BUCHANAN / AFP / Profimedia

За да го започнете патувањето до пабот, прво треба да стигнете до Kinloch Hourn, до кој се стигнува по пат долг 35 километри. Оттука, пак, тргнува кривулест и нерамен пат долг 24 километри низ шкотските висорамнини.

Не само што ви требаат два дена пешачење по предизвикувачки терен, туку треба да се подготвите и за неочекувани временски услови – силен ветер и ненадеен дожд – затоа спакувајте се паметно за патувањето. Задолжително понесете мапа и компас и никогаш не одете сами на патување, советуваат експертите.

„Стариот Форџ“ е во сопственост на Knoydart, која го започна предизвикот со онлајн спортскиот трговец Wiggle откако го обнови пабот минатата година. Запомнете го терминот Wiggle – тоа е тајниот збор што треба да му го кажете на шанкерот пред да добиете бесплатно половина литар пиво.

Поточно, ќе добиете пиво со алкохол од 5,1 отсто наречен Трале, кој е специјално направен за повторното отворање на пивницата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот