ВИДЕО | Писарев: Трпиме штети, а не можеме да ги надокнадиме – глутници кучиња напаѓаат зајак и млада срна

Во овој период забраните за риболов се укинати, додека што се однесува до ловот сега е периодот за пролетно пребројување на дивеч, да се направат проекции за есен. Кај нас од многу причини тоа не се прави, пред се поради ниска стручност на концесионерите, а и во надлежното министерство не е многу подобра ситуацијата. Така што ние немаме некој увид во фондот на дивеч, изјави во Утрински брифинг ловџијата Александар Писарев.

Инаку во ловиште „Руен“ се обидуваме да работиме што подомаќински и стручно. Обработуваме 60 хектари земја каде ќе биде засаден сончоглед за грлицата која треба да дојде во август месец. Како во цела Европа, посебно на Балканот во моментов е најзастапена дивата свиња, бидејќи и одговораат условите и нема предатори, но несреќата е дека нешто се случува со зајакот. Тука не е крива само природата, туку најголем проблем се кучињата скитници, посебно во Македонија. Глутници напаѓаат срнечка дивеч, уништуваат помладок од зајак. Порано беше со закон уредено секое куче скитник кое ќе се најде на 300-400 метри од ппоследните куќи во населеното место ловџиите треба да го отстранат. Тоа не е баш хумано, но тоа е тоа. Трпиме штети, а не можеме да го надокнадиме, вели Писарев.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот