ВИДЕО | Пет месеци затвор за учесниците во насилните протести во Ротердам

Пет месеци затвор за учесниците во насилните протести во Ротердам/ Фото: You tube

Холандскиот суд денеска осуди на затворска казна маж и жена кои учествуваа во немирите во Ротердам минатата недела, соопшти обвинителството, пренесе АП.

Демонстрациите против владините антиковид мерки прераснаа во насилство во петокот вечерта, а во еден момент полицијата пукаше врз толпата која запали оган и фрлаше со камења и пиротехнички средства кон полициските сили.

За време на немирите пет лица биле погодени со куршуми и во тек е истрага дали се повредени од полицијата.

Жената (26), која е осудена за фрлање камења по полициски возила, добила пет месеци затвор, со два месеци условна казна, а поради материјалната штета што ја предизвика ќе треба да плати 1.000 евра, објави јавниот обвинител на Ротердам на Твитер.

Холандскиот јавен сервис НОС објавил дека жената изјавила дека и е жал што учествувала во немирите.

„Да можам да го вратам времето назад, сигурно не би го направила тоа“, рекла таа.

29-годишниот маж добил и пет месеци затвор и два месеци условно. На двајцата им е забрането една година да се приближуваат на многу места во Ротердам.

Полицијата за време на тридневните немири уапсила 49 лица за учество во инцидентите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот