ВИДЕО: Пендаровски ја пречека косовската претседателка во вилата „Водно“

Фото: МИА

Претседателката на Косово Вјоса Османи-Садриу претпладнево со највисоки државни и воени почести беше пречекана од претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски во вилата „Водно“.

Пендаровски и Османи-Садриу, која е во официјална посета на земјава, ќе има тет-а-тет средба, по што предвиден и пленарен состанок на двете делегации.

По средбата двајцата ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

За време на официјалната посета, Османи-Садриу ќе се сретне и со претседателот на Собранието, Талат Џафери и премиерот Димитар Ковачевски, а ќе се обрати на свечена седница во Собранието на Република Северна Македонија.

Утре косовската претседателка ќе престојува во Тетово, каде што ќе се сретне со тетовскиот градоначалник Билал Касами.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот