ВИДЕО | Пејачот на „Coldplay“ отсвири во паб: Доаѓаш на пиво и ги радуваш младенците

Крис Мартин во паб, Фото: Twitter-принтскрин

Крис Мартин, фронтменот и основач на познатиот бенд „Coldplay“, ги воодушевил посетителите на еден мал паб во едно британско село кога случајно застанал на пиво и на пијано го отсвирел хитот на групата – „A Sky Full of Stars“.

Сепак, тоа не беше обична изведба. Мартин го посетил фестивалот Гластонбери, во кој уживал со својата девојка. На враќање по којзнае кој пат решиле да застанат во кафеана, а таму веќе биле и идните младенци кои му откриле дека споменатата песна ќе ја одберат за прв танц на свадбата.

На Мартин не му преостанало ништо друго освен да се фати за работа.

„Тоа беше една од оние работи кога ќе речете: „Точно, ова се случува“, изјави сопственикот на пабот Крис Паркин за „Sky News“. „Тоа беше навистина брилијантен, одличен момент за паметење“, додаде тој.

Младенците добија „свирка“ од соништата, а Мартин се покажа како џентлмен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот