ВИДЕО: Парагваецот Санабрија плукаше кон Меси, Нејмар погоден во глава од своите навивачи

фото: принтскрин/twitter.com/RoyNemer

Неверојатни сцени се случија синоќа на јужноамериканските квалификации за пласман на Светското фудбалско првенство 2026.

Најпрвин аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси беше плукнат на мечот против Парагвај, а по дуелот меѓу Бразил и Венецуела видовме како бразилските навивачи го удрија Нејмар во глава.

Парагвајскиот напаѓач Антонио Санабрија во самиот финиш на мечот плукаше кон капитенот на „гаучосите“ кој го сврте грбот и не го виде тоа.

– Санабрија? Во соблекувалната ми кажаа дека некој ме плукнал. Вистината е дека јас дури и не знам кој е тој човек. Навистина не сакам да зборувам за тоа бидејќи ќе отиде предалеку ако кажам нешто, а тоа навистина не е мојата цел – изјави Меси по натпреварот.

Интересно, Меси и Санабрија играа во помладите категории на Барселона, а претходно се сретнаа на терените откако Санабрија играше за Спортинг Хихон и Бетис.

Бразил одигра само 1:1 дома против Венецуела, а незадоволните бразилски навивачи го гаѓаа Нејмар. Додека играчот на саудискиот Ал Хилал го напушташе теренот, еден од навивачите го удри во глава со картонска кутија за пуканки, што ги шокираше присутните на теренот.

Нејмар веднаш реагираше и погледна кон трибината, а почна да ги пцуе навивачите на Бразил кои продолжија да го провоцираат и жестоко да го исвиркуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот