ВИДЕО | Палестинците обвинуваат дека Израел без никаква најава извршил напад врз Рафах

Рафах / Фото EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Палестинското Министерство за надворешни работи денеска објави дека израелската армија извршила напад врз градот Рафах, во јужниот дел на Појасот Газа, „без никакво соопштение и без да чека ничија дозвола“, пренесува Анадолија.

Во воздушните напади извршени синоќа од израелски воени авиони во различни делови на градот Рафах, животот го загубија 14 Палестинци, меѓу кои и деца и жени, а неколку лица се повредени.

„Палестинското Министерство за надворешни работи најостро ги осудува крвавите воздушни напади и систематските деструктивни операции на Израел врз градот Рафах, игнорирајќи ги меѓународните предупредувања за неокупирање на градот каде живеат милиони раселени луѓе од северот и центарот на Појасот Газа“, се истакнува во соопштението.

Нагласено е дека Израел синоќа изврши разорен воздушен напад врз Рафах и дека многу Палестинци ги загубија животите. „Израел изврши напад на градот Рафах и не го најави тоа за да избегне меѓународни реакции и не чекаше ничија дозвола“, се вели во соопштението.

Беше истакнато дека овие напади се совпаѓаат со посетата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен на Саудиска Арабија и Египет.

Во соопштението од Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на 15 март, беше објавено дека Нетанјаху го одобрил планот за можна воена операција јужно од градот Рафах.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот