ВИДЕО | Оскаровката сподели снимки од Украина: Ми требаа недели…

володимир зеленски
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и Џесика Честејн/Фото: Принтскрин/Твитер

Објавувајќи видео на Твитер на кое се прикажани уништени згради и раселени деца, холивудската актерка Џесика Честејн им кажа на обожавателите дека „ѝ требале неколку недели да обработи сè што видела на своето патување во Киев“.


На една снимка, Џесика Честејн може да се види како ја посетува локалната детска болница каде што едно дете ѝ подарува уметничко дело што го направиле.

„Едно од искуствата од ова патување што ми го промени животот беше мојата посета на детската болница: Охматдит“, напиша оскаровката. „Имав можност да запознам неверојатни деца и режисерот Володомир Жовнир. Децата ме воодушевија со нивната надеж и сила.“

„Многумина беа раселени од своите домови и поминаа месеци во болница. Во Украина се одвива голема хуманитарна криза. Не можеме да ги заборавиме невините погодени од бесмислените акти на насилство. Благодарна сум што ги запознав овие слатки мали деца со големи храбри срца“, порача Честејн.


Да потсетиме, освен Џесика Честејн, Украина ја посетија и бројни познати личности кои му дадоа поддршка на Зеленски. Шон Пен, Анџелина Џоли и Бен Стилер се само дел од личностите кои ја посетиле Украина од почетокот на војната.

Володимир Зеленски се сретна со актерката Џесика Честејн: Светот ќе ја слушне вистината

ФОТО | Од тежок животен пат, до сјајот на Оскарот: Џесика Честејн имала тешка загуба

ФОТО | Џесика Честејн го враќа гламурот на голема врата – погледнете како изгледаше на Филмскиот фестивал во Рим

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот