Володимир Зеленски се сретна со актерката Џесика Честејн: Светот ќе ја слушне вистината

володимир зеленски
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и Џесика Честејн/Фото: Принтскрин/Твитер

Aмериканската актерка и продуцентка Џесика Честејн вчера го посети Киев, каде што се сретна и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Американската актерка Џесика Честејн дојде денеска во Украина. За нас ваквите гостувања на познати личности се исклучително вредни. Благодарение на ова светот уште повеќе ќе ја слушне, знае и разбере вистината за она што се случува во нашата земја. Ви благодариме за вашата поддршка!“, напиша Зеленски во објава на својот официјален инстаграм-профил.


Честејн ја посети и детската болница во Охматдит, според украинскиот јавен сервис „Суспилн њуз“.

Тој позираше за „Вог“ со сопругата

Неодамна, заедно со сопругата Олена, Зеленски позираше за споменатиот магазин, поради што многумина ги критикуваа на социјалните мрежи. Во интервјуто тие зборуваа за себе, својот брак и војната во Украина. Фотографиите исто така предизвикаа многу коментари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

„Зарем не треба да ѝ помагате на вашата земја, наместо да се фотографирате за Вог?“, „Нивниот народ умира, а тие се фотографираат“, коментираа незадоволните од ваквата медиумска експонираност на украинскиот претседател и прва дама.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот