ФОТО | Од тежок животен пат, до сјајот на Оскарот: Џесика Честејн имала тешка загуба

Џесика Честејн
Џесика Честејн / Фото: EPA

Добитничката на Оскар имала тежок животен пат, а денеска е на врвот. Што знаеме за Џесика Честејн?

Нејзината прва филмска улога беше во филмот „Тајниот живот на куќните помошнички“ за која доби номинација за Оскар за најдобра споредна улога. Потоа глумеше во „Zero Dark Thirty“ и „Мама“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessica Chastain (@jessicachastain)

Холивудската глумица Џесика Честејн, има 45 години и пред неколку дена освои Оскар во категоријата најдобра глумица во главната улога на филмот „The Eyes of Tammy“. Во младоста, оваа жена имала многу поинаков живот од овој денес. На својот пат до славата  наидувала на многу препреки, а поради една животна ситуација речиси и ќе се откажела од актерството.

Досега беше на листата на најубави жени во Холивуд, а магазинот „Time“ во 2012 година ја вброи во листата на највлијателни луѓе на светот. Оваа црвенокоса убавица е родена во Сакраменто и немала многу среќно детство. Мајка ѝ продавала брза храна на уличен штанд, а татко ѝ наводно бил тапанар. И обајцата биле премлади кога се родила Џесика. Неговото име не е запишано на нејзиниот извод на родени. Семејството подоцна се проширило, кога Џесика добила две сестри и двајца браќа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessica Chastain (@jessicachastain)

Со биолошкиот татко актерката никогаш не живеела ниту имала однос, а мајка и низ животот имала низа партнери, од кои некои биле и насилни. На крајот, среќата ја нашла со пожарникарот Мајкл Хасти, а Џесика во една прилика за очувот изјави дека „тој бил вистински маж во семејството“.

„Еден од партнерите на мајка ми влезе во соба и ја фрли цела облека на подот. Сакаше да ја соберам, а кога му реков да ја врати, ми удри шлаканица. Инстинктивно го удрив со ногата во меѓуножјето и падна на подот. Избегав, и не знаев што ќе се случи, но бев горда на себе што му вратив“, изјави Џесика и дека на насилниците не треба да им се простува.

За својот успех, меѓу другото, благодарна е на својата баба која ја носела на часови по танцување и во здружението „Planned Parenthood“, кое ги едуцирало младите за заштита од тинејџерска бременост.

„Токму поради тие часови станав прва девојка во своето пошироко семејство која не остана бремена на 17 години. Подучена од нив, можев да сонувам за поубава иднина и да постигнам нешто во животот. Којзнае што ќе беше, да не беа тие средби“.

По средно училиште, Џесика се запишала на студии во Сакраменто, а потоа на Академијата за драмски уметности, каде морала да ја плаќа сама школарината, па работела истовремено додека студирала. Улогата во „Ромео и Јулија“ и осигурала стипендија во престижниот Џулијард Универзитет во Њујорк.

Џесика Честејн/ЕПА ЕФЕ
Џесика / Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

На првите аудиции, денес една од најубавите актерки вели дека ја нарекувале „просечна и недоволно убава“.

Нејзината најмлада сестра Џулиет на 24 години извршила самоубиство. Актерката кажа како тоа ја сменило и било силен удар за неа. Во говорот откако го прими Оскарот, зборуваше и за подигнување на свеста за превенција на самоубиствата.

„Нејзината смрт потполно ме промени, ништо повеќе не ми беше важно. Сфатив дека глумата, филмовите, Оскарите… Сето тоа е неважно“, изјави актерката која тогаш сакала сериозно да се повлече од актерството.

Но, потоа добила прва понуда за снимање на „Итна служба“, „Закон и ред“ и претстава со Ал Пачино. Веројатно, тоа било знак дека треба да продолжи со мисијата и да ја оствари својата животна цел, да биде актерка.

Џесика Честејн/ЕПА ЕФЕ
Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Актерката е во брак со син на италијански гроф, Џанлука Пасија де Препосулоа. Живеат во Америка и имаат две деца. Ќерката се вика Џулиет, по починатата сестра, која е родена од сурогат мајка, а другото дете не се знае како се вика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот