ВИДЕО | „Охрид трчаТ“: 2.000 тркачи на улиците

Фото: Фејсбук / „Охрид њуз“ / принтскрин

Илјадници тркачи утрово се на улиците на Охрид – во 8:30 часот започна полумаратонската трка на 21 километар по улиците на нашиот туристички центар, во рамките на традиционалниот настан „Охрид трчаТ“.

За победниците на полумаратонската трка предвидени се награди од 300, 200 и 100 евра во машка и женска конкуренција, а тие ќе добијат и охридски бисери од Филеви.

Во трката учествуваат над 2.000 тркачи од 28 земји.

Утрово стартуваа и учесниците на трката на пет километри, а по завршувањето на натпреварувачкиот дел, предвиден е концерт на охридскиот плоштад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот