ВИДЕО | „Неверојатно“: Мајка ракун ги донела своите бебиња да ги види жената која ги храни секој ден

ракун
Рокси и нејзините бебиња / Фото: Принтскрин/ТикТок

Британи Сеидел во април 2021 година си купила нова куќа. Претходната сопственичка била позната по тоа што се грижела за дивите животни, па затоа Британи на почетокот била изненадена од многуте неочекувани гости кои навечер ѝ „чукале“ на врата.

Животните биле научени да добиваат вечера, а меѓу нив била и женка ракун по име Рокси. Иако била претпазлива, Британи сфатила дека животното е пријателски настроено и почнала да го храни. За само неколку дена создале силна врска.

Еден ден Рокси пристигнала на тревникот пред куќата со своите четири бебиња. Така Британи дознала дека ракунот станала мајка и дека ги донела младенчињата за да ги запознаат со жената која секојдневно им обезбедува храна.

@brittany.rose.xo Roxie brought her babies! #roxietheraccoon #raccoontok #raccoonsoftiktok #babycoon #babyraccoons #kits #raccoonfamily #fyp ♬ Sunroof – Nicky Youre & dazy

Британи го објави преслаткото видео на „ТикТок“ и во описот на истото напиша: – Рокси ги донесе нејзините бебиња.

Луѓето го зазеле поголемиот дел од традиционалните живеалишта на ракуните кои по природа се љубопитни, па научиле да коегзистираат со луѓето, поради што нивните средби се многу чести. Иако овие животни изгледаат слатко, тие можат да бидат прилично сурови кога ќе им се пријде, особено доколку ве гледаат како закана.

@brittany.rose.xo Pt 2; roxies babies 🥹 #roxietheraccoon #fyp ♬ Sunroof – Nicky Youre & dazy

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот