ВИДЕО: Неверојатно, брод налета на учесниците во триатлон на Игрите во Токио

EPA-EFE/WU HONG

Неверојатна сцена беше забележена во Токио на стартот на натпреварувањето во триатлон. Додека натпреварувачите се подготвуваат да скокнат во водата бидејќи пливањето е првата дисциплина по што следат велосипедизам и трчање, половина од нив ги загради брод.

Бродот кој на организаторот му служеше да ги снима натпреварувачите на стартот не се помрдна од патеката кога беше сигнализиран почеток на истата, по што настана хаос.

Половина од натпреварувачите кои не беа попречени од бродот тргнаа да пливаат, додека половина не скокна во водата бидејќи пред нив имаше брод, но неколкумина се обидоа да пливаат зад него кога тој тргна да се движи наназад.


За среќа немаше повредени, по што организаторот одлучи да го повтори стартот.
По повторениот старт, златниот медал во триатлон го освои Норвежанецот Кристијан Блуменфелт кој славеше со време од 1:45,04 часа. Второпасираниот Британец Алекс Ји задоцни 11 секунди зад олимпискиот шампион, додека бронзениот Хејден Вајлд од Нов Зеланд заостана 20 секунди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот