ВИДЕО | „Netflix“ најави петто и последно продолжение на серијалот „Stranger Things“: Актерите пораснаа, време е за нови авантури

Stranger Things:
EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Иако неколку пати беше одложувана премиерата на четвртата сезона, Нетфликс конечно објави дека „Stranger Things“, научнофантастичната хорор серија сепак ќе биде објавена и највија петта сезона, која воедно ќе биде и последна.

Во писмото кон обожавателите во кое се наведува дека четвртата сезона на оваа популарна серија ќе биде поделена на два дена, првиот ќе биде прикажан на 27 мај, а другиот дел на 1 јули 2022. Креаторите на серијата Мет и Рос Дуфер открија дека петтата сезона ќе значи и крај на серијата.

„Пред седум години испланиравме комплетна приказна за „Stranger Things“- рекоа авторите на серијата во објавата која беше споделена на Нетфликс блогот.

„Во тоа време, предвидувавме дека приказната ќе трае барем четири до пет сезони. Се покажа дека е преголем залак да се раскаже во четири сезони, но наскоро ќе се уверите дека целиме кон големо финале. Четвртата сезона ќе биде претпоследна, а петтата конечно последна“ – изјавија тие.

Исто така, авторите изјавија дека во новиот серијал ќе има нови мистерии, нови авантури, нови неочекувани херои.

„Се надеваме дека ќе останете со нашата екипа и во сценариото во кое Елевен и нејзините храбри пријатели доживуваат секакви авантури во алтернативната димензија“

Четвртата сезона ќе биде премиерно прикажана по долго одложување, а третата беше објавена пред повеќе од две ипол години.

Stranger Things:
EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Завршувањето на серијата е логично – со оглед на фактот дека младата актерска екипа во почетокот на снимањето беа рани тинејџери, а сега веќе сите се приближуваат до своите дваесети години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот