ВИДЕО: Напаѓачот кој избоде деца и возрасни во Франција, снимен како мавта со нож низ паркот

Фото: Telegraph / Youtube / screenshot

Напаѓачот вооружен со нож, кој избоде четири деца и двајца возрасни во парк покрај езерото Анси во Франција денеска, е уапсен, а на социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа како осомничениот, за кого беше објавено дека е сириски мигрант, мавта со нож низ паркот, непосредно пред да биде совладан и уапсен. Снимката може да биде вознемирувачка за дел од читателите.

Две деца на возраст од 22 месеци и 3 години и еден возрасен се здобиле со повреди опасни по животот, соопштија властите, според „Ле Монд“.

Осомничениот е Сириец во раните 30-ти, кој добил статус на бегалец во Шведска во април и претходно аплицирал за азил во Франција во ноември 2022 година, рече премиерката Елизабет Борн на прес-конференцијата на местото на нападот во Анси, град на 30 километри јужно од швајцарскиот град Женева. Напаѓачот, за кого се појавија неофицијални информации и дека имал проблеми со менталното здравје, е уапсен на местото на грозоморниот напад.

Се чини дека напаѓачот немал „терористички мотив“, им изјави на новинарите локалната државна обвинителка Лин Боне-Матис.

„Тој нема криминално досие, не ѝ е познат на ниту една разузнавачка служба, нема психијатриска историја. Напаѓачот го носел „единственото оружје што го поседува, ножот“. Значи, истрагата е во тек“, рече обвинителката.

Две од децата биле со семејства на туристи, а едно од нив е од Британија. Едно возрасно лице исто така се здобило со рани од нож, а уште еден возрасен човек бил избоден, по што и го погодил куршум испукан од полицајците при апсењето“, рече Боне-Матис.

ВИДЕО: Маж со нож избол шест деца во парк во Франција, три се во критична состојба

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот