ВИДЕО: Најмалку 40 луѓе, текстилни работници, загинаа во сообраќајна несреќа во Бразил

Автобус со вработени во текстилна компанија и камион се судрија рано во средата на автопат во бразилската држава Сао Паоло, при што загинаа 40 лица, соопштија официјалните лица.

Спасувачките екипи им помoгнаа на ранетите и патниците кои беа приклештени во остатоците од возилата во општината Тагуаи, на околу 350 километри од градот Сао Паоло.

Локалните медиуми покажаа  снимки на кои се гледааат парчиња стакло, уништени седишта во автобус и парчиња од телата на возилата расфрлани на автопатот.

„Нема јасни индикации за тоа што ја предизвикало несреќата и се испитува“, рече гувернерот на Сао Паоло, Јоао Дорија на прес-конференција. Тој се заложи дека дека сите ресурси на неговата влада ќе бидат искористени за помош на жртвите и нивните семејства.

Портпарол на полицијата за ТВ Глобо изјави дека досега бројот на загинати е 37, а пожарникарите од Сао Паоло подоцна на нивниот официјален профил на Твитер соопштија дека се убиени 40 лица.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот