ВИДЕО | Мундобаскет 2023: Бразил го декласираше Иран, Грција во финишот го скрши отпорот на Јордан

фото: EPA-EFE/FRANCIS R. MALASIG

Денеска продолжија возбудувањата на Светското кошаркарско првенство со натпреварите од првото коло во групната фаза, Бразил во групата „Г“ без никакви проблеми триумфираше над Иран со 100:59. За јужноамериканската селекција прв стрелец беше Бруно Кабокло со 16 поени и седум асистенции, а на спротивната страна за азискиот претставник Матин Ахјанпур постигна 11 коша.

Потоа, во рамките од групата „Ц“ репрезентацијата на Грција убедливо со 92:71 го совлада Јордан, иако ваков резултат не се најавуваше по три одиграни четвртини. Во победничките редови доминираше Јанулис Ларенцакис со 19 поени, а за Јордан се истакна Рондае Холис-Џеферсон со 24 поени и девет скокови.

Во првата четвртина водеше Јордан со 10:4, но по првите 10 минути Грците беа во предност со 19:14. Во втората четвртина Грците веќе имаа и двоцифрена позитива, а непосредна пред паузата водеа со 46:32.

Не се предаваа кошаркарите на Јордан, во третата четвртина се вратија резултатски и на семафорот имаа само „минус три“ (58:61), но тоа беше нè што сторија. Следуваше нова серија на поени на нашиот јужен сосед кој повторно стекна двоцифрена разлика (62:72), а потоа до крајот на натпреварот предноста постепено само ја зголемуваше.

Во групата „Ф“ Грузија со 85:60 беше подобра од Зелен `Рт, а по едно одиграно продолжение Порторико во групата „Б“ го совлада Јужен Судан (101:96, 81:81).

За Грузија прв стрелец беше Торнике Шенгелија (16 поени, седум скокови), а за Зелен `Рт најефикасен беше Кенети Мендес со 11 коша. За Порторико „дабл-дабл“ учинок од 21 поен и 13 скокови оствари Стивен Томпсон, а за Јужен Судан недоволна беше одличната партија на Карлик Џонс од 38 поени, шест скокови и 11 асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот