ВИДЕО: Можеше да му ја заврши кариерата на Меси, па доби црвен картон

За среќа на сите фанови на Аргентина и ПСЖ, Меси се чувствува добро/EPA-EFE/Miguel Gutierrez POOL

Еден од најгрубите прекршоци е направен против Лионел Меси во последно време, барем кога станува збор за фудбалот на големата сцена.

Играчот на репрезентацијата на Венецуела, Адријан Мартинез, за истиот прекршок, после ВАР снимката заработи директен црвен картон од главниот судија.

За да бидат работите уште побизарни, Мартинез влезе во игра поради повредата на Веласкез во раната фаза од играта, во 25 минута, а веќе во 32 минута веќе мораше да го напушти теренот.

Аргентина славеше (1:3) во дуелот од квалификациите за Јужна Америка за пласман на Светското првенство 2022, но победата можеше да биде пирова, вистинска среќа имаше Меси кој излезе од страшниот старт на ривалот без некоја сериозна повреда која можеше да му ја заврши и кариерата.

Лекарската помош за Меси траеше неколку минути, за среќа на сите фанови на Аргентина, но и секако оние на ПСЖ, Лео успеа да стане, а потоа и да ја продолжи играта.

На останатите мечеви, Бразил минимално триумфираше над Чиле (0:1), а ремизираа селекциите на Перу и Уругвај (1:1).

Табела после седум кола во јужноамериканските квалификации за СП: Бразил 21 бод, Аргентина 15, Еквадор 12, Уругвај 9, Колумбија 9, Парагвај 7, Чиле 6, Боливија 6, Перу 5, Венецуела 4.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот