ВИДЕО | Момче со аутизам не сака да го допираат, но прави исклучок за својата сестричка

Фото: Скриншот, ТикТок

Алекс Џеј е мајка на момче со аутизам кое не сака да го допираат, односно кај него се јавува хиперсензитивност на сетилото за допир. Сепак, нештата почнале да стануваат подобри откако се родила неговата помала сестра.

Алекс е активна на платформата ТикТок, каде често објавува видеа со своите деца. На една од објавите, малечкото момче полека учи да ужива во допирите и прегратките на својата сестричка.

„Нашиот син има аутизам и не сака да го допираат. Но, нашата ќерка не го знае тоа. Тој полека ја прифаќа и многу е нежен со неа. Нивната врска е многу јака“, стои во описот на видеото.

Имено, секогаш кога сестричката се обидува да го допре, тој ја гледа нејзината рака, но сепак не отстапува. На крајот, момчето се опушта и почнува да го гушка девојчето.

 

@alexjayyy06 Autism Mama \ud83d\udc99 #ShareTheMagic #momsoftiktok #asd #autismawareness#autismtoddler #toddlersoftiktok #fyp> #fyp ♬ original sound – ✨Momlikeaboss✨

ФОТО | Битолчанката Ирена е мајка на дете со аутизам и клинички психолог: Кога ќе научиме да ги прифатиме различностите, ќе изградиме подобар свет за нашите деца

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот