ВИДЕО | Момче од 13 години го сруши рекордот за најмлад дебитант во сениорскиот фудбал

Фото: Screenshot

Викендов беше испишана нова страница во сениорскиот фудбал.

За првпат на еден професионален натпревар настапи десет од 13 години, седум месеци и 13 дена. Неговото име е Давиан Кимброу кој настапи на дуелот помеѓу Сакраменто и Лас Вегас во УСЛ лигата во САД, натпреварување еден ранг понизок од МЛС.

Кимброу има мексиканско потекло и потпиша професионален договор со Сакраменто. Со овој настап тој стана најмладиот кој некогаш заиграл сениорски фудбал во професионална конкуренција.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот