ВИДЕО: Митревски во Топ 5 одбрани на колото во Лигата на шампионите!

Фото: EPA-EFE/Mohamed Abd El Ghany/POOL

Македонскиот репрезентативец повторно блескаше во дресот на Порто во последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите.

Португалската екипа славеше норвешкиот Елверум, а свој придонес во новите бодови имаше и Никола Митревски.

Една од неговите одбрани се најде во изборот на ЕХФ во топ 5 најдобри одбрани на колото. Истите можете да ги погледнете ТУКА

На оваа листа покрај Македонецот, се наоѓаат уште Бенјамин Буриќ (Флензбург), Иван Пешиќ (Мешков Брест), Гонзало Перез де Варгас (Барселона) и Дарио Квенстед (Кил).

Веднаш по завршувањето на групната фаза се објавија и осминафиналните двојки во елитата, а Порто ќе ги одмери силите со данскиот Алборг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот