ЛШ: Лазаров во осминафиналето со Кјелце, Митревски против Алборг

лазаров
Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров со ново признание од ЕХФ/Фото: EPA-EFE/Henning Bagger

По завршувањето на последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите, ЕХФ и официјално ги објави вечерва сите парови во осминафиналната фаза.

Голем број на мечеви се одложуваа поради ситуацијата со ковид-19, но потоа истите завршија со службени резултати, а од претходно веќе се донесе одлука сите 16 екипи од двете групи да се најдат во елиминациските борби.

Како што е веќе познато, Вардар 1961 како седмопласиран од групата „А“ во осминафиналниот двомеч ќе ги одмери силите против Веспрем на македонскиот репрезентативец Дејан Манасков кој го освои второто место во групата „Б“.

Победникот од тој дуел во четвртфиналето на ЛШ ќе игра со подобриот од пресметката Нант на Кирил Лазаров и Кјелце.

Порто на голманот Никола Митревски ќе ги одмери силите против данскиот Алборг, а подобриот од тие две екипи во четвртфиналето ќе се сретне со победникот од пресметката ППД Загреб – Флензбург.

Дуелите од осминафиналната фаза ќе се играат во периодот од 31 март до 8 април 2021 година.

ЕХФ Лига на шампиони
Сезона 2020/2021

Осминафинале, двојки –

Вардар 1961 – Веспрем
Нант – Кјелце

Пик Сегед – Кил
Целје Пивоварна Лашко – ПСЖ

Порто – Алборг
ППД Загреб – Флензбург

Мотор Запорожје – Мешков Брест
Елверум – Барселона

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот