Стоилов гневен по поразот: Некои ракометари не разбираат за колку посебен клуб играат

фото: Слободен печат/Драган Митрески

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов по поразот од неговиот тим од Брест Мешков во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите, имаше директна порака за своите соиграчи.

– Сакав да го анализирам овој натпревар, но тренерот на Мешков, нагласувајќи колку голем клуб е Вардар, откри некои поенти во својата анализа на кои сега јас сакам само да се надоврзам. Дури и тој му оддаде признание на Вардар како клуб дека и посебен и на начинот на кој треба да се игра е посебен. Некои од нашите играчи не можат да сфатат за каков голем клуб играат кога ќе излезат на терен. Не можат да разберат како се носи вардаровиот дрес. Ете тоа е нашиот најголем проблем. Толку, не сакам ништо повеќе да додадам – изјави Стоилов на прес-конференцијата по натпреварот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот