ВИДЕО | Мистеријата на сандалите на Ким Џонг-ун: Што изборот на обувките зборува за неговото здравје?

Ким Јонг-ун

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ги привлече погледите на меѓународните набљудувачи во неделата во текот на говорот по повод годишнината од основањето на владејачката партија, но не поради неговите зборови, туку поради изборот на обувки.

Ким прошетa по црвениот тепих во раскошната сала во блескави црни сандали преку црните чорапи за да го надополни својот темен костум, бордо вратоврска и очила со половина рамка, според снимката објавена од државните медиуми во понеделникот.

Колин Звирко, виш аналитички дописник за „НК њуз“ од Сеул, ги забележал обувките на Ким и рекол дека не е јасно зошто Ким одлучил да носи сандали и дали ги носел претходно.

Фото: Принтскрин / Skynews

Без оглед на причината, се чини дека Ким во последно време презема чекори заради заштита на своето здравје и удобност, рекол тој.

– Тој изгуби значителен број килограми за краток временски период во мај, а во септември беше виден како стои на поставени простирки за време на долгите говори, што не е вообичаено. Се чини дека тој е особено претпазлив со ковид-19 и дека можеби да се соочува со тековни здравствени проблеми – рекол Цвирко.

Изборот на облека на Ким честопати внимателно го проучуваат меѓународните аналитичари и бараат знаци за неговото здравје коешто е строго чувана тајна во Северна Кореја.

Кога Ким повторно се појави во државните медиуми на почетокот на јуни, откако не беше виден во јавност речиси еден месец, аналитичарите забележаа дека неговиот часовник е поцврсто од вообичаеното прицврстен за навидум потенкиот рачен зглоб и ги покренаа гласините за здравјето на лидерот кој цврсто владее со Северна Кореја.

Државните медиуми подоцна го спомнаа здравјето на лидерот, што тие ретко го прават. Тие цитираа неидентификуван жител на Пјонгјанг, кој рекол дека сите во Северна Кореја биле скршени кога ги виделе фотографиите на кои Ким изгледа „слабо“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот