ВИДЕО | Милевски: Со ефективен регионален развој до забрзан инвестициски бум

Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски во „Утрински брифинг“ се осврна и на македонско – бугарските односи и за блокадата од Бугарија на европскиот пат на државава.

-Ние како политичка партија ги кажавме нашите ставови. Секое решение треба прво кај нас да биде искоординарано. Премиерот и Владата имаат јасно зацртана цел – евроинтеграции. Во Бугарија е предизборен период и затоа не е добро ние да додаваме масло на огнот и да им помагаме на популистичките партии во Бугарија, каде според последните анкети не можат да го пробијат предизборниот праг. Либералите во Бугарија се единствените кои даваат целосна поддршка за почетокот на преговорите. Факт е дека никогаш не се преговара во изборна година. Темата национализам е најдобра за да се подигне рејтингот. И да нема преговори не е крај на светот. На Европа не и е приоритетно прашање Македонија. Тие имаат блокада од Унгарија и Полска за буџетот кое што може да ја загрози долгорочноста на Унијата. Од една страна ние мораме, доколку не добиеме почеток на преговорите во декември, да го претставиме тимот за почеток и да ги имплементираме реформите, изјави во Утрински брифинг министерот за Локална самоуправа, Горан Милевски и додаде дека во Министерството за локална самоуправа се припрема нов закон со европско знаменце во кој што се имплементираат развојните компоненти кои се од програмата на ЕУ.

-Локалната самоуправа е со намалени прихиоди поради ковид-19. ВО оваа ситуација и државата ни излегува во пресрет, се помагаат најразлични проекти на локалната самоуправа. Со евалуација ги констатиравме проблемите во последните 10 години- регионалниот развој не следи паралелно во сите плански региони. Во Скопје е инвестирано преку милијарда евра и затоа по регионите имаме проблеми со училишта, здравствените објекти, вели Милевски.

Целиот разговор со министерот за Локална Самоуправа, Горан Милевски, погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот