ВИДЕО: Медведев елиминиран, рускиот тенисер ги загуби нервите во Париз

Данил Медведев рано го заврши настапот во Париз, Франција/фото: EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Данил Медведев во рамките од второто коло доживеа сензационален пораз на АТП мастерс турнирот во Париз, Франција. Рускиот тенисер, како четврти носител на турнирот, загуби со 2:1 во сетови 4:6, 6:2 и 7:5 од Австралиецот Алекс Де Минор.

Медведев не можеше спортски да го поднесе поразот, по последниот гем ги загуби нервите и го скрши рекето, а потоа незадоволен се сврте и кон публиката на трибините.

По ова следеше негодување на присутните фанови на тенисот, кои згрозени од однесувањето на Медведев, со свирежи го испратија разбеснетиот тенисер од теренот.

Во другите денешни мечеви Циципас ја оправда фаворитската улога против Еванс (6:3, 6:4), потоа Алкараз не дозволи изненадување против Нишиока (6:4, 6:4), а потешко од очекувањата Оже-Алијасим со 6:7 (6), 6:4, 7:6 (6) го елиминираше Имер.

Мусети беше подобар од Басилашвили (6:4, 6:2), Димитров со 6:0 и 7:5 го совлада Фоњини, додека Тиафо со 6:3 и 7:5 забележа победа над Дрејпер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот