Фото: Принтскрин

ВИДЕО | Макрон трча, кинеските полицајци го бркаат – францускиот претседател неочекувано се одвоил од обезбедувањето

За време на државната посета на Кина, францускиот претседател Емануел Макрон неочекувано се одвоил од кинеското обезбедување и тргнал кон група студенти пред Универзитетот Сечуан во Ченгду.

Снимка објавена од францускиот канал BFMTV го прикажува францускиот лидер како трча кон луѓето кои стоеле во близина, додека кинеските полицајци се обидувале да го стигнат.

Се прецизира дека сè се случило за време на третиот и последниот ден од државната посета на Макрон на Кина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BFM (@bfmtv)

Претходно, францускиот весник „Депеш“ објави дека Лоран Туве, префект на францускиот департман Па де Кале, бил отпуштен по инцидентот во кој францускиот претседател, за време на посетата на градот Арас во регионот, бил принуден да пешачи околу половина километар по дожд, откако неговата колона била блокирана од група земјоделци кои протестирале.

Како што наведува весникот, кратката прошетка од околу 500 метри не им се допаднала на службите за обезбедување на Елисејската палата, кои сметале дека Емануел Макрон во тој момент потенцијално бил во опасност.

Само седум месеци по стапувањето на функцијата, Лоран Туве е сменет, а одлуката беше одобрена од Советот на министри на 26 ноември.

На негово место на 2 декември е именуван Франсоа-Гзавје Лош, близок соработник на Емануел Макрон, кој претходно ја извршувал истата позиција во департманите Тарн и Еро од 2023 година.

Од 2017 до 2020 година ја извршувал и функцијата шеф на кабинет на актуелниот претседател на Републиката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот