Во текот на вчерашниот ден Милан и Удинезе на стадионот „Сан Сиро“ ремизираа 1:1 во рамките од италијанската Серија А.
Нашиот играч сезонава во шампионатот за тимот од Удине досега има учинок од два голови во 16 настапи против Фиорентина и Торино.
Малку недостасуваше Несторовски против Милан да го запише и третиот погодок и тоа повторно со глава.
Но, во последен момент Ромањоли спречи реализација на нашиот репрезентативец кој можеше повторно да биде херој: