ВИДЕО: Цел меч за Несторовски на „Сан Сиро“, Милан до бод во 97 минута!

Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Денеска во рамките од 25 коло во најсилната италијанска лига составот на Милан на домашен терен ремизираше со Удинезе (1:1). Тимот од Удине беше многу блиску да направи изненадување на стадионот „Сан Сиро“, но во финишот „росонерите“ го избегнаа поразот.

Бекао во 68 минута после асистенцијата на Де Пол се погрижи за водство на Удинезе. За гостите целиот натпревар го одигра македонскиот репрезентативец Илија Несторовски. Имаше доста големо продолжение, Милан успеа во 97 минута да дојде до реми преку Кесје кој реализираше пенал.

На табелата екипата на Пиоли е на втората позиција со 53 бодови, три помалку од Интер кој својот меч ќе го има утре на гости кај Парма. Удинезе останува во средниот ред на табелата во Серија А, односно моментно е на 11 позиција со 29 бодови.

Џенова на стадионот „Луиџи Ферарис“ одигра нерешено 1:1 со Сампдорија, за домаќините нашиот Горан Пандев настапи од 73 минута како замена за Дестро.

Во другите мечеви од лигашката рунда: Аталанта-Кротоне 5:1, Беневенто-Верона 0:3, Каљари-Болоња 1:0 и Фиорентина-Рома 1:2.

ВИДЕО: Во финишот им избега победата на Елмас и Наполи!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот