ВИДЕО: Лондонската магла ги „проголта“ шампионските амбиции на Манчестер јунајтед!

Фото: EPA-EFE/Adrian Dennis/POOL

Манчестер јунајтед го одигра и четвртото реми во последните пет натпревари во Премиер лигата, вечерва во Лондон одигра нерешено без голови со Кристал Палас.

Манчестер сити може полека и да ја слави шампионската титула, моментно е на „плус 14“ од второпласираниот состав на Оле Гунар Солскјер. А можеби сите дилеми околу тоа би го освоил врвот може да бидат решени во наредното коло на 7 март кога на „Етихад“ стадионот силите ќе ги одмерат Сити и Јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ можеа да дојдат до предност во 14 минута кога се закани Матиќ, но голманот на домаќините успеа некако да го одбрани неговиот удар.

Само три минути подоцна нова шанса за гостите. После центаршутот во шанса беше Рашфорд, но лошо шутираше и топката помина покрај левата статива.

На нова голема можност за реализација се чекаше до 80 минута, Јунајтед се обидуваше со сите сили да дојдат до бодовите, се закани и Гринвуд кој шутираше од врвот на казнетиот простор, но топката помина над голот на домаќините.

Кристал Палас на крајот можеше да го шокира фаворитот на оваа средба, во 90 минута се обиде Ван Анхолт, но Хендерсон беше сигурен, и мрежите остана незатресени.

Претходно се одиграа уште два меча од 29 коло, Барнли ремизираше со Лестер (1:0), а Шефилд јунајтед ја изненади Астон Вила (0:0).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот