ВИДЕО: Ливерпул сигурен против Саутемптон, блесок на Жота

„Црвените“ од Енфилд и натаму го бркаат водечкиот Челси/Ливерпул, Велика Британија/27 ноември 2021/Фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Фудбалерите на Ливерпул го совладаа денеска на домашен терен составот на Саутемптон со убедливи 4:0, во натпреварот од 13 коло во најсилното англиско првенство.

„Црвените“ од Енфилд уште во втората минута дојдоа во водство, а стрелец беше португалскиот репрезентативец Диого Жота.

Истиот играч зголеми на 2:0 во 32 минута после една убава акција и асистенција на Мохамед Салах. Пет минути подоцна во листата на стрелците се запиша Тиаго Алкантара, а во вториот дел во високата победа придонесе и Вирџил ван Дајк,

Се одигра уште еден меч од оваа рунда, Астон Вила беше подобра на гостувањето кај Кристал Палас (1:2), додека Арсенал пред своите навивачи (2:0) славеше над Њукасл.

Премиер лига, табела: Челси 29 бодови, Ливерпул 28, Манчестер сити 26, Вест Хем 23, Арсенал 23, Вулверхемптон 20…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот