ВИДЕО: Лејкерси во трка со времето за избегнување на плеј-ин турнирот

epaselect epa09116248 Los Angeles Lakers guard Talen Horton-Tucker (C) in action against LA Clippers center Daniel Oturu (2nd L) and LA Clippers guard-forward Terance Mann (R) during the fourth quarter of the game between the Los Angeles Lakers and the Los Angeles Clippers at the Staples Center in Los Angeles, California, USA, 04 April 2021. EPA-EFE/ETIENNE LAURENT SHUTTERSTOCK OUT

ЛА Лејкерс сèуште има шанси да го избегне плеј-ин турнирот откако го совладаа Њујорк никс со 101:99 по продолженијата. Одлучувачките поени ги постигна Тејлен Хортон-Такер на 21 секунда до крајот, додека во продолжението постигна седум од своите 13 поени.
Лејкерси сега имаат скор од 39 победи и 30 порази и се наоѓаат на седмото место на табелата во Западната конференција, додека пред нив се Портланд и Далас кои имаат една победа повеќе.
Шампионот сè уште игра без Леброн Џејмс, а овој пат реализаторската улога ја презедоа Кајл Кузма кој даде 23 поени и Ентони Дејвис со 20 поени.

Кај Њујорк, најдобар беше поранешниот играч на Лејкерси, Џулиус Рендл со 31 поен.
Вториот тим од Лос Анџелес, Клиперс ја забележаа 46 победа со која се наоѓаат на третото место во Западната конференција. Клиперси со 115:96 го победија Торонто и ја продоложија битката за третото место со Денвер нагетс кој има победа помалку.
Најдобар кај Клиперс беше Каваи Ленард со 20 поени, а одлична партија прикажа и Ивица Зубац кој даде 18 поени и имаше 10 скокови.
Индијана пејсерс останува во игра за место во плеј-офот откако славеше над најдобриот тим на Истокот, Филаделфија со 103:94. Домантас Сабонис го искористи неиграњето на центарот на Филаделфија, Џоел Ембид, и оствари трипл-дабл од 16 поени, 13 скокови и 15 асистенции.

Милвоки со победата над Орландо од 114:102 го задржа третото место во Источната конференција и тоа благодарение на 27 поени на Јанис Адетокумпо.

Лука Дончиќ го одигра најлошиот меч во кариерата во поразот на неговиот Далас Маверикс на гостувањето кај Мемфис Гризлис од 133-104. Словенецот натпреварот го заврши со само 12 поени. Кај Мемфис најдобар беше Џа Морант со 24 поени.

Резултати:
Шарлот – Денвер 112:117
Детроит – Минесота 100:119
Бостон – Мајами 121:129
Торонто – ЛА Клиперс 96:115
Индијана – Филаделфија 103:94
Чикаго – Бруклин 107:115
Милвоки – Орландо 114:102
Сакраменто – Оклахома 122:106
Голден Стејт – Феникс 122:116

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот