ВИДЕО | Лејкерс без Леброн и по две продолженија подобри од Милвоки, продолжи серијата на Дончиќ и Далас

Фото: Los Angeles Lakers

Лос Анџелес Лејкерс и без Леброн успеа да слави на гости кај Милвоки со 128:124, додека Далас и Дончиќ ја продолжија одличната форма со победата против Скараменто од 132:94.

Во последниот период Милвоки имаше предност од 19 поени разлика (94:75), но од тој момент постигнаа само уште седум поени и така им дозволија на Лејкерс да се вратат во игра. Немаше победник и по првото продолжение, па се играа дополнителни пет минути.

Двете екипи се менуваа со водството, а на крајот Лејкерс беа подобри во завршницата од второто продолжение и обезбедија победа. Ентони Дејвис одигра фантастичен натпревар со дабл-дабл од 34 поени и дури 23 скока, но тука беше и Ривас со трипл-дабл (29 поени, 14 скокови и 10 асистенции). Во редовите на Милвоки до трипл-дабл со 29 поени, 21 скока и 11 асистенции стигна Јанис Адетокумбо.

Далас игра во одлична форма и убедливата победа против Сакраменто за нив беше петта во низа и деветта на последните десет натпревари. Најефикасен и сега беше Лука Дончиќ со 28 поени и 11 скокови, поддршка му беше Кајри Ирвинг со 24 поени. За Сакраменто Фокс уфрли 18 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Мајами – Голден стејт 92-113

Милвоки – ЛА Лејкерс 124-128

Њу Орлеанс – Оклахома 112-119

Сакраменто – Далас 96-132

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот