ВИДЕО | Куче го прекина натпреварот Чиле – Аргентина, ќе повредеше и кошаркар

Фото: Screenshot

Необична ситуација се случи вчера во кошаркарскиот натпревар помеѓу Чиле и Аргентина кој беше прекинат на бизарен начин.

Имено, куче влезе на паркетот кон средината на првиот период додека Чилеанците имаа минимално водство од 7:6.  Кучето на теренот се појави со издишана топка во устата, а можеше и да повреди еден кошаркар.

Откако обезбедувањето го отстрани натпреварот продолжи и во него славеше Чиле со 79:77.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот