ВИДЕО: Кристијано Роналдо збесна откако му поништија спектакуларен гол во Арапскиот куп

фото: EPA-EFE/STR

На Кристијано Роналдо му беше поништен спектакуларен гол во првото коло од Арапскиот куп.

Ал Наср и Ал Шабаб нерешено го започнаа натпреварувањето во групната фаза на Арапскиот куп, откако нивната пресметка заврши со резултат 0:0. Ал Наср овој натпревар не го започна со најсилниот тим. Нивниот најдобар играч Кристијано Роналдо остана на клупата и до неговото влегување Ал Наср делуваше безопасно во нападот.

Ситуацијата драстично се промени на теренот од 62 минута, кога Португалецот влезе на теренот. Веќе во 72 минута одлична шанса имаше Кристијано, но неговиот удар од работ на шеснаесетникот го одбрани голманот на противничката екипа.

Неколку минути подоцна Роналдо постигнува спектакуларен гол со волеј, но прославата не траеше долго. Судијата сигнализираше офсајд и на крајот голот беше поништен. Натпреварот заврши без голови, а Португалецот незадоволен го напушти теренот.

Ситуацијата ескалира кога снимател премногу му се доближи на Роналдо за да го сними. Роналдо го испрска снимателот со вода и му гестикулираше да се помести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот