ВИДЕО: Крис Пол го препороди Феникс

Еден од најдобрите плејмејкери во НБА лигата, Крис Пол, е како виното, што е постар игра подобро. Токму Пол е најзаслужен за победата на Феникс санс од 106:103 над Денвер нагерс, а „сонцата“ притоа се најдобар тим во Западната конференција со скор од пет победи и само еден пораз.

Одлучувачките поени на натпреварот ги постигна токму Пол на седум секунди до крајот на натпреварот и му го нанесе четвртиот пораз во петте натпревари на Денвер.

Ејтон уфрли 21 поен, исто колку што имаше и Пол, а Девин Букер даде 22 поени, додека во редовите на Денвер, Никола Јокиќ имаше учинок од 17 поени, 11 асистенции и девет скокови, а Џамал Мареј постигна 31 поен.

Лука Дончиќ полека влегува во својот препознатлив ритам и е најзаслужен за победата на Далас над Мајами од 93:83. Дончиќ беше прво име во својот тим со 27 поени и 14 скокови. Далас работата ја заврши уште во првото полувреме во кое му дозволи на актуелниот шампион да даде само 31 поен.

Милвоки бакс во новата сезона шутира фантастично, откако против Мајами постигнаа рекордни 29 поени, на Чикаго му дадоа 22 за триумф од 126:96. Јанис Адетокумпо постигна 28 поени и имаше 12 скокови.

Леброн Џејмс со 26 поени, 11 скокови и 10 асистенции и Ентони Дејвис со неговите 35 поени и 11 скокови ги предводеа ЛА Лејкерс до триумф од 109:103 над Сан Антонио спарс.

РЕЗУЛТАТИ:
Шарлот – Мемфис 93:108
Далас – Мајами 93:83
Детроит – Бостон 96:93
Бруклин – Атланта 96:114
Милвоки – Чикаго 126:96
Минесота – Вашингтон 109:130
Сан Антонио – ЛА Лејкерс 103:109
Денвер – Феникс 103:106
Јута – ЛА Клиперс 106:100
Голден Стјет – Портланд 98:123

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот