ВИДЕО | Костовски: Она што се случи во Дуизборг е врв на сите желби на сите оние кои посакувале да играат

Атанас Костовски, Фото: Архива

Денешниот ден е значаен во спортското живеење на планетата земја. 1896 година се одржаа првите олимписки игри. Инаку Телевизија Скопје 1972 година започна да ги коментира Олимписките игри, жалам што последните 2016 година во Рио, нашите коментатори не беа на лице место. Оваа година се „ланските“ Олимписки игри – македонски коментатори мора да има во Токио, изјави во Утрински брифинг, спортскиот новинар Атанас Костовски.

-Очигледно ништо не е случајно. Ако во составот на Ангеловски играат фудбалери од најсилните европски лиги, тоа значи дека веќе сме „прва лига“. Од оние 36 на неговиот список само тројца од нашата лига. Затоа за прв пат ќе играме на ЕП. Она што се случи во Дуизборг е врв на сите желби на сите оние кои посакувале да играт, да навиваат и да го гледаат фудбалот. Ако имате во своите редови велемајстори како Пандев и Елмас, со величина како Адеми, со позитивни работници во нашиот тим, шансата што се пружи на ова генерација се искористи максимално. Мислам дека овој резултат дојде како желба на сите нас и макотрпна, долгорочна работа на селекторот со изборот на репрезентација. Сум ги гледал и Пеле и Марадона, но оној гол против Грузија – Елмас, Трајковски – Пандев, е врвно фудбалско остварување и таа акција засекогаш треба да остане во архивите на МТВ, вели Костовски.

Целиот разговор погледнете го видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот