ВИДЕО: Коронавирусот е минато во Тексас, 40.000 луѓе на бејзбол натпревар!

Фото: Принтскрин/Youtube/CBSDFW

На бејзбол натпреварот помеѓу Ренџерс и Торонто Блу Џејс по подолг период повторно има публика на трибините.

Една од најзначајните вести во САД одекна и ширум светот – на спортски настан стадионот беше полн.

Имаше дури 40.000 илјади луѓе на трибините на споменатиот бејзбол меч, а коронавирусот изгледа е минато за народот во јужната американска сојузна држава Тексас.

Вакцинацијата се одвива и ширум САД, така што тамошните граѓани одлучија нешто побрзо да влезат во процесот на враќање на старите навики и масовни собирања.

Што се однесува до останатите спортски настани, во кошаркарската НБА лига на пример и натаму нема одлука за присуство на навивачи, а во Мајами е најавено пуштање на гледачи во нивната сала само доколку се вакцинирани против коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот