ВИДЕО: Кога и 44 поени на Дончиќ не се доволни, намалија Клиперси!

фото: EPA-EFE/RINGO CHIU

Лос Анџелес клиперс успеа да намали на 2:1 во првата рунда на Западната конференција против Далас Маверикс откако доцна синоќа триумфираше со 108:118.

Малку недостасуваше Лука Дончиќ да комплетира „трипл-дабл“, забележа 44 поени, по девет скокови и асистенции. Но, и таквиот учинок на Словенецот не беше доволен за трета победа на Маверикси, на спротивната страна за Клиперси доминираше Кавај Ленард со 36 поени (осум скокови), следен од Пол Џорџ кој имаше 29 поени и седум скокови.

Во првата рунда на Истокот Бостон води со 2:1 против Бруклин, беше подобар на домашен терен со 125:119. Кај Селтикси Џејсон Тејтум постигна точно 50 поени, додаде шест скокови и седум асистенции, а за Нетси се одвои дуото Џејмс Харден (41 поен, седум скокови, 10 асистенции) и Кевин Дурент (39 поени, девет скокови).

И Атланта поведе против Њујорк никс, Хокси триумфираа со резултат 105:94 предводени од Тре Јанг кој запиша 21 кош (14 асистенции), а помош имаше и од Богдан Богдановиќ кој додаде 15 поени и осум скокови. За Никси не беа доволни 30 поени (шест скокови и пет асистенции) на Дерик Роуз.

НБА лига, плеј-оф

Резултати –

Атланта хокс – Њујорк никс 105:94 (2:1)
Бостон селтикс – Бруклин нетс 125:119 (2:1)
Далас маверикс – Лос Анџелес клиперс 108:118 (2:1)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот